Врховниот суд на руската република Мордовија ја одби жалбата на членката на бендот „Пуси Рајот“, Надежда Толоконикова, за пуштање на слобода пред истекот на казната, пренесуваат руските агенции.
Одлуката на Врховниот суд само ја потврдува претходната одлука според која Толоконикова останува во затвор до крајот на казната од две години под обвинение за хулиганство мотивирано од верска омраза.
Толоконикова веќе отслужи година и пол од својата казна. Според претставниците на затворот во кој е сместена, барањето е несоодветно, бидејќи велат таа не покажала знаци на каење за постапките.
Според членката на „Пуси Рајот“ пак, таа го направила она за што смета дека е исправно.
Петте членки на рускиот панк-бенд „Пуси Рајот“ во февруари 2012 година, упаднаа во храм во Москва каде што орствирија песна под името „Богородице истерај го Путин“, го снимија настанот и го поставија на интернет.
Судот од Москва на 17 август ги осуди трите членки на групата, Надежда Толоконикова, Марија Аљохина и Екатерина Самуцевиќ на две години затвор.