И покрај тоа што почина пред повеќе од осум години, Мајкл Џексон се уште генерира приходи од милиони долари и ја предводи листата на списанието „Форбс“.
Петта година по ред веќе кралот на поп музиката e на чело на листата на најпрофитабилни личности по нивната смрт, со 75 милиони долари заработка.
Најголемиот дел од приходите се од издавањето на новиот албум на Џексон со неговите најголеми хитови, инвестиции во спектаклите на „Сирк ду Солеј“ во Лас Вегас и учество во дел од каталогот на компанијата EMI.
Уште двајца пејачи се вклучени во првите пет од листата на „Форбс“. Елвис Присли се рангира на четвртото место со 35 милиони генерирани приходи и Боб Марли, кој е петти со 23 милиони долари.