НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ердоган му се закани со тужба на весникот „Тајмс“

0
By Нова ТВ on July 26, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган изјави дека треба да бидат преземени законски мерки против британскиот весник “Тајмс“, како и против оние кои го напишаа отвореното писмо во кое се критикува полициското насилство врз демонстрантите во истанбулскиот парк Гези.

– Тоа се луѓе кои ги дале своите умови под наем. Ако беа искрени по прашањето за демократија, тие немаше да дејствуваат толку неморално и да го нарекуваат „диктатор“ еден премиер, кој е избран со 50 проценти од гласовите на народот, изјави Ердоган денеска во Истанбул.

Тој нагласи дека потписниците на писмото не ја знаат вистината ниту за него, ниту за Турција.

– Постојат такви медиумски групи во Турција кои објавуваат секакви клевети. Како можат да не клеветат кога се в затвор? Тие што го потпишале писмото го прават ова бидејќи не ја познаваат Турција. „Тајмс“ ги дава страниците под наем и тоа е нивниот недостиг на морал, истакна турскиот премиер.

Меѓу потписниците на писмото, кое беше објавено на 24 јули, се наоѓаат актерите Шон Пен, Сузан Сарандон, Бен Кингсли и Ванеса Редгрејв, режисерите Дејвид Линч и Фуад Кавур, ирската писателка Една О’Брајан, британскиот пратеник лабурист Џереми Корбин и американскиот писател и новинар Клер Берлински.

Тие во писмото ја окваклификуваа турската Влада како „диктаторски режим“ и го критикуваат односот на Ердоган кон барањата на демонстрантите.

– Наредбите на премиерот доведоа до смртта на петмина невини млади луѓе, се наведува во писмото и се додава дека тој може да биде повикан да даде објаснувања за полициското насилство пред Европскиот суд за човекови права.

Контрамитинзите, организирани од владејачката Партија на правдата и развојот, во писмото се споредуваат со Нирнбершките собири, организирани од нацистите во Германија во периодот од 1923 до 1938 година.

Во писмото се нагласува и дека во Турција се осудени и затворени повеќе новинари, отколку во Иран и Кина заедно.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Денови на европско наследство 2025 посветени на архитектурата

September 2, 2025

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.