Елитен хакер кој требаше да се покаже како имплантите на срцето би можеле да бидат пробиени, почина неочекувано во Сан Франциско, јавува Би-Би-Си.
Барнаби Џек почина во четвртокот, канцеларијата на медицинскиот истражувач изјави за Ројтерс, но не даде повеќе детали.
Тој требаше да даде презентација за слабостите на медицинските апарати на конференцијата за безбедност во Лас Вегас Црна шапка (Black Hat), која се одржува следната недела.
Џек имаше изјавено дека една техника преку хакирање, може да убие човек од девет метри оддалеченост.
Тој стана славен откако откри како може да се хакира кеш машина и од која може да се извадат пари без проблем.
Подоцна, стана водечки експерт за слабостите на медицинските технологии, заради кои ги предупредуваше компаниите, дека мора да обезбедат заштита.
Минатата година, тој изјави дека открил пропусти во широко користените инсулински пумпи, што му овозможи да интервенира во нив.
Со хакирањето е можно да се контролираат и да се администрира фатално ниво на инсулин, изјави г-дин Џек.
“Мојата цел не беше да се овозможи некој да биде повреден од тоа, затоа што не е лесно да се репродуцираат”, изјави тој за Би-Би-Си, во текот на едно интервју во април 2012 година.
“Но, се надевам дека тоа ќе промовира некои промени во овие компании за да добијат некои значајни безбедносни мерки во овие уреди.”
Експертизата на г-дин Џек и живите демонстрации на своето знаење на настани како Црна шапка предизвика да заработи почитување од страна на многу безбедносни професионалци.