Подржувачи и противници на отстранетиот претседател Мухамед Морси организираат протести низ Египет. Војската побара од народот да се приклучи кон протестите во борба против насилството и тероризмот.
Муслиманското братство пак ги повика своите подржувачи да се побунат против отстранувањето од власт на првиот демократски избран лидер на земјата на 3 јуни. Во меѓувреме, судот му одреди 15 дневен притвор на Морси против кого се покреваат обвиненија за наводна соработка со палестинската група Хамас за време на протестите во Египет во 2011 година.