Претседателот на ултрадесничарската Народна партија – наша Словачка, Маријан Котлеба не успеа повторно да се избори за позицијата гувернер на автономниот регион Бистрица, покажуваат прелиминарните резултати од вчерашните регионални избори во Словачка.
Како што наведува Словак спактејтор, Котлеба е поразен од независниот кандидат Јан Лунтер, а по изброени 84 отсто гласови во Бистрица, Лунтер освоил 46 отсто од гласовите.
Во Братислава, членот на опозициската партија Слобода и солидарност Јурај Дроба се наоѓа на чело со 20 отсто од гласовите од преброени 80 отсто од гласовите.
Прелиминарните резултати од автономниот регион Прешов го ставаат Милан Мајерски на прво место, пред актуелниот гувернер Петер Чудик.
Кандидатот на опозицијата од партијата Обични луѓе Јосеф Вискупич победи во регионот Трнава, додека неговата колешка од партијата успеа да победи во трката за гувернер во регионот Жилина.
Јарослав Башка е нов гувернер на Тренечин, а позицијата ја задржа Милан Белица во регионот Нитра.
За разлика од претходните години, регионалните гувернери оваа година се бираа само во еден круг, а мандатот им е продолжен, од 4 на пет години.
Оваа мерка словачката Влада ја спроведе бидејќи сакаат во 2022 година во исто време да одржат и регионални и месни избори, истакнува Словак спектејтор.




