Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европски синдикати: Недемократска постапка за избор на лидер на ССМ

0
By Нова ТВ on November 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 6, 2017 13:31

Претседателот на Европската конфедерација на синдикати (ЕТУЦ) Лука Висентини смета дека постапката за избор на иден лидер на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) не ги следи демократските правила, бидејќи доведува до елиминирање на потенцијалните кандидати за функцијата.

Во писмото испратено до в.д. претседателот на ССМ Дарко Димовски, Висентини вели дека токму тоа било проблем со кој во оваа синдикална организација се соочувале во изминатите години и зачудувачки е што продолжуваат по насоката која сакале да ја променат.

Ова се причините поради кои Винсентини ја одбил поканата на ССМ да учествува на Конресот за избор на нов лидер на ССМ.

– Ние ја цениме посветеноста за одржување на Конгресот со цел и другите грански синдикати да се вклучат во донесувањето на одлуките во врска со раководењето на ССМ, решение што за жал беше отфрлено од претходниот претседател Митревски. Без оглед на наведеното, загрижени сме дека постапката ни од далеку не ги следи демократските правила, бидејќи доведува до елиминирање на потенцијалните кандидати за функцијата претседател пред самиот конгрес, и со тоа не им се дозволува на делегатите да направат вистински избор, вели Винсентини во писмото.

Од претходните контакти со вас, наведува Винсентини во писмото до Димовски, разбравме дека токму ова беше проблемот што вие и вашите колеги од четирите грански синдикати сакавте да го промените.

– За изненадување и за жалење е дека вие продолжувате по насоката која сакавте да ја промените за да биде подемократска. Жалиме, но при ваква ситуација Европската конфедерација на синдикати (ЕТУЦ) нема оправдани причини да учествува на Конгресот, кој нуди малку шанси за отворена дебата и демократски избори за иден лидер на ССМ, посочува Висентини.

Додава и дека се уште постои можност ова да се промени и да се подобри постапката, дури и ако за тоа биде потребно повеќе време, но се со цел ССМ да биде подемократски и почитуван во рамките на Европското движење на синдикатите.

Винсентини Европска кофередарција на синсикати лидер ССМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.