Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Погледнете ги барем само студентите од Србија

0
By Xhabir Deralla on October 24, 2026 ИЗБОР, КОЛУМНА, СТАВ, ТИКЕР, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 24, 2026 15:20

Биљана Секуловска | 25 МИНУТИ

Погледнете ги младите луѓе во Србија. Во Албанија, Грција, Шпанија, секако и Франција. Насекаде во светот. Дури и во еден Непал, каде диктатурите ги столчиле одамна, секогаш, но не и засекогаш. Таму минатата година Генерацијата Z на анти-корупциски протести го принуди премиерот да си даде оставка.

Студентите и интелектуалците се единствената и најголема сила која низ вековите го создавала светлото, затоа што мракот бил неиздржлив. И сетете се зошто се слави 23 Октомври, конечно. Не е тоа прослава за, ниту пак на ВМРО-ДПМНЕ, колку и да замислува некој дека е вистински, достоен наследник. Не е ни Мицкоски, но, да бидеме чесни, не сме ни ние, колку и да фантазираме и сме во заблуда дека ја имаме нивната крв, истата страст и копнеж, за една слободна, независна држава.

Ниту за 11 Октомври не сме достојни, луѓето кои ни ја подариле оваа држава, која подоцна нејзиниот татко, Киро Глигоров, ја устоличи и доведе до ОН, да биде признаена со име како што во тој период мораше да биде, инаку и немаше да нѐ биде.

Секој од овие луѓе, колку и да биле почетоците невозможни и ужасни, биле јадрото, сржта на државата-интелектуалната елита која низ човештвото ги отворала со голи раце шајките на сандаците во кои нашите предци биле заробени. 23 Октомври, 11 Октомври, нивните имиња добро ги знаете, имиња неброени, им нема крај, но заедничко им е што ја дефинирале вистинската улога на интелигенцијата, без која нема држава на Планетава која не е производ на најголемите, најсветлите умови.

И ви велам, погледнете ги барем само студентите во Србија и сега, каков парадокс, нивните колеги по перо, овие во Македонија. Каков парадокс, некои од нив велат дека не можеле да издржат во оваа земја ниту една минута повеќе, разочарани биле од една Шарена револуција, која пропаднала и била искористена подоцна од политиката и различни сомнителни и безобразни интереси.

Она што овие млади луѓе го забораваат е фактот што светот знае за многу, безброј револуции, протести, маршеви и востанија и уште повеќе пропасти кои следеле потоа. Но, никогаш никој не се откажал. А нашиве? Било важно името да им биде запамтено, сакале некој да им го признае напорот, велат-залудни биле жртвите кога сте сами и никој не ве погледнува, бегаат и не се вртат. Сакаат слава, но не и тешки, бессони ноќи.

Сакаат држава, но од другите подарена, само тие да не се присутни таму. Но, да знаат ваква е денес државата, затоа што сите молчат- младите, нивните родители, за разлика од нивните предци. Оние кои крвта ја дале за оваа земја, наместо да бладаат дека се разочарани и со болка во срцето, тие заради кои сега имаме држава, слободна, ослободена од нив.

Зарем на хероите од 2 Август, 11 Октомври, 23 Октомври, не им било најлесно да го земат бугарското име (тогаш немало пасоши),  и да пукаат во своите, тоа е срамниот, но избор е сепак, зарем не? Но, од која држава тогаш ќе бегавте, пријатели, кога немаше ниту траг да ви се знае, ниту песна кој да има да ви исплаче.

25 МИНУТИ

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.