НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Два дена енормно загаден воздух – Град Скопје со препораки

0
By Нова ТВ on November 7, 2017 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Возилата да не се користат без потреба, повеќе лица да се возат во едно возило, да се користи јавниот превоз, за загревање на домовите да не се користат отпадни материи и да се зголемат инспекциските контроли на оџаците во домаќинствата, објектите и индустриските и занаетчиските постројки од страна на државните инспектори.

Ова се дел од препораките до граѓаните и до институциите во случај на надминување на концентрацијата на ПМ10 честичките во воздухот во текот на пет последователни дена над 50 микрограми на кубен метар, што ги објавија денеска од канцеларијата на градоначалникот на Град Скопје.

Како што соопштија од Град Скопје, препораките се издадени врз основа на известување добиеното вчера од Министерството за животна средина и просторно планирање, а во согласност со Заклучокот од 108-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 25.12.2012 година.

Меѓу препораките до граѓаните се и за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал, да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци, печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот, како и редовно да се чистат оџаците.

Во однос на заштита на здравјето на луѓето се препорачува да се избегнува долгорочна изложеност на отворено, посебно доцна навечер или рано наутро кога концентрациите на ПМ10 можат да го достигнат максималното ниво.

– Доколку луѓето имаат повеќе од еден систем за греење во домот, пожелно е да се избегнува употреба на цврсти горива во текот на критичниот период со зголемени концентрации на ПМ10. Треба да се одложат сите активности на отворено, доколку не се итни, се наведува во соопштението.

Препораки до институциите и правните субјекти се: да се зголемат инспекциските контроли на инсталациите во надлежност на МЖСПП и општините во градот Скопје, да се зголемат инспекциските контроли на субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла од страна на општинските инспекциски служби, да се зголемат и спроведат вонредни инспекциски контроли на градилиштата во надлежност на општините, да се спроведува зачестено чистење на улиците и пешачките површини во надлежност на општините во градот Скопје, доставата на стоки со возила да се извршува пред 7:30 или по 18 часот.

Понатаму, обуките на авто школите да се реализираат во период од 9:30 до 14:30 и по 18:00 часот, да се зајакнат вонредните контроли на МВР во однос на техничката исправност на возилата за кои се сомневаат дека имаат зголемени емисии на штетни гасови.

Меѓу препораките се и да се зголемат инспекциските контроли на оџаците во домаќинствата, објектите и индустриските и занаетчиските постројки од страна на државните инспектори за заштита и спасување, сите правни субјекти (административни и јавни установи) што за затоплување користат уреди за согорување – котли, истите да ги контролираат за обезбедување оптимален режим за согорување, пропишан со стандардите, со што нема да испуштаат загадувачки материи и да се откажат/одложат големи јавни собири, спортски настани и културни настани на отворено.

Скопје вчера смрдеше на запалено

Многу високо ниво на загадување на воздухот утрово е регистрирано на мерните станици во скопските опптини Карпош и кај Ректоратот, над 100 микрограми на еден метар кубен, што е речиси двојно од дозволените 40 микриграми на метар кубен, покажува моменталната ситуација која може да се следи на страницата на Министерството за животна средина.

Мерните станици во скопските општини Карпош и Лисиче вчера вечер покажаа многу високо ниво на загадување на воздухот, а се чувстувала и смрдеа на запалено.

Канцерогените ПМ10-честички во Карпош достигнаа 222 микрограми на еден кубен метар, а во Лисиче 229 микрограми, што е за речиси пет пати повеќе од дозволените 50 микрограми на еден кубен метар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.