НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од 365 дена во годината, во Скопје 139 дена веќе имало загаден воздух

0
By Нова ТВ on November 8, 2017 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Жителите на Скопје во сите делови каде се мери квалитетот на воздухот веќе ги надминале максимално дозволените денови во кои може да бидат изложени на високи концентрации на ПМ10 четичките во воздухот. На прагот на зимата, кога загадувањето на воздухот е присутен скоро секој ден, скопјани во 10-тe изминати месеци веќе дишеле загаден возух над дозволените максимални вредности меѓу 79 и 139 денови.

Податоците на Министерството за животна средина покажуваат дека најмногу или 139 денови со загаден воздух и концентрација на ПМ10 честичките во воздухот имало во Гази Баба, кај Ректорат 135, Лисиче 101, Карпош 92 и Центар 79 денови.

Максимално дозволените концентрации се 50 микрограми на метар кубен, а концентрациите во зимските месеци достигнувале и над 500 микрограми на метар кубен.

Од почетокот на овој месец, кој според статистиките на Министерството, влегува во најзагадените во годината заедно со декември и јануари, веќе  концентрациите на ПМ10 честичките се зголемуваат и достигнале над 300 микрограми на метар кубен.

Честичките се канцерогени и причина за болести и смртност до 30 проценти од населението

Честичките со дијаметар помал од 10 микрограми може да продрат длабоко во респираторниот систем на луѓето и се едни од најштетните загадувачки супстанции во воздухот.

Последните објавени податоци покажуваат дека загадувањето на воздухот е причина за разболување на 30 проценти од жителите на главниот град, а тоа е и причина за смрт на 20 до 30 проценти од населението.

Според професорот Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје на Македонија овие бројки може да се намалат со заедничко вклучување на државните структури на локално и на централно ниво, но и подигање на свеста на граѓаните.

–  Ваквите бројки, вели тој, треба да не мотивираат на акција, но и со нивно следење да може да се процени успешноста на преземените мерки, бидејќи ако на годишно ниво во Скопје имаме смртност на пет илјади лица, нашите проценки се дека од 1.000 до 1.050 се последица на аерозагадувањето. Двесте лица од истата причина починуваат во Битола, 100 во Тетово…, што значи од 20 до 30 проценти од смртноста на населението отпаѓа на последица на аерозагадувањето рече Ѓорѓев на конференција за загадувањето организирана во Тетово.

Како да се справиме со загадувачите

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки и заменик министерот Јани Макрадули денеска ќе одржат состанок за координирање и усогласување на активностите за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух со градоначалникот на Скопје и градоначалниците на општините од Скопскиот плански регион.

На состанокот, како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе бидат презентирани моменталната состојба, законските ингеренции,  актуелните планови,  досегашните искуства и  проблеми, како и предлог мерките и патоказите за дефинирање на идна комуникација и делување да имаат МЖСПП, УНДП, Државниот инспекторат за животна средина и Инспекцискиот совет.

На средбата, како што е најавено, ќе присуствуваат и постојниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Се греат на гуми, пластика, масло од возила

Заменик министер за животна средина, Јани Макрадули вели дека и во центарот на Скопје има семејства кои се греат на јаглен. Според него греењето во домаќинствата учествува со 62 отсто во загадувањето на воздухот. Тие го користат маслото од возилата за поефективно да се загреат, пластика и гуми.

Макрадули смета дека е потребна координирана акција во која локалната самоуправа со бизнис заедницата, невладините организации, во широк фронт ќе дојдат до решение за загадувањето.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.