НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: До крајот на ноември средба на преговарачите

0
By Нова ТВ on November 8, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

До крајот на овој месец  ќе се одржи средба на ниво на преговарачи во врска со спорот за името. При крај сме со утврдување на датумот. Во оваа прва фаза нема да има посета на медијаторот Метју Нимиц на регионот. Најверојатно тоа ќе биде овој месец и штом сето тоа се дефинира ќе информираат од канцеларијата на медијаторот.

Ова го изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на денешната прес-конференција во Владата на која беше најавено одржување на дигитален Самит на Западен Балкан, чиј домаќин следната година ќе биде Република Македонија.

Коментирајќи ја изјавата на американскиот заменик-помошник државен секретар Хојт Брајан Ји дека решавањето на прашањето на спорот со името е досега најблиску до изнаоѓање решение, Димитров посочи дека постои обид да се создаде една позитивна клима, која според него, се должи на научената лекција со Македонија која беше оставена долго време да чека во чекалната на ЕУ.

– Во тој процес јас би сакал покрај убави зборови да има и конструктивни ставови бидејќи тоа ќе биде поучно. Факт е дека тоа беше процес што беше во застој подолго време меѓу другото и поради тоа што се наметнаа други прашања кои сами по себе претставуваа пречка на нашите интеграции покрај или градејќи над пречката околу разликата за името – демократскиот пат, проблемите со зависно судство, со неслободни медиуми. Бидејќи има еден сериозен напор со политичката промена што ја доживеа Македонија да се работи на отстранување на овие пречки и има извесна лекција – што се случува кога ќе затворите една земја-кандидат во чекалната предолго време можно е да се изгуби компасот. Тоа нам ни се случи. Оттука, има една политичка волја, еден оптимизам да се извлече лекција и да се отворат вратите. И оттаму вакви охрабрувачки пораки, вели шефот на дипломатијата Димитров.

Запрашан што се подразбира под распоред во однос на активности за надминување на спорот министерот Димитров  посочи на она што било разговарано на средбата со неговиот грчки колега Никос Коѕијас во рамки на четирилатералниот Самит во Солун.

– Тогаш разговаравме во кои области и како можеме таму каде имаме сродни или исти интереси да ја развиеме соработката заради создавање на попозитивна клима која што на некој начин ќе ја заокружи областа каде што имаме очигледни разлики како што е разликата околу името. Така што рано е нешто конкретно за тоа да се зборува. Тогаш разговаравме за соработка  на ниво на невладини организации, академици, универзитети, некои други конкретни работи, летни пожари, појасни Димитров

Според него, многу поважно е што се прави во однос на најавите.

– Многу е поважно е што се прави отколку што се најавува. Генерално нашата политика е да одземеме аргументи на оние кои би сакале блокадата на нашиот европски евроатлантски пат да остане. Разликата на сегашната надворешна политика во однос на претходната е што претходната за жал даваше аргументи на оние политички сили кои не се посебно заинтересирани да се отворат вратите за Македонија. Ние сме заинтересирани да нема такви аргументи, не само да не даваме туку и да одземаме аргументи, порача Димитров.

името Никола Димитров преговарачи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.