По филмската кражба на дијаманти и накити во вредност од 40 милиони евра во неделата во Кан, една од најголемите во Европската унија во последните години, сомнежите се насочени кон државјанин на Босна и Херцеговина.
Се претпоставува дека станува збор за припадник на озлогласената банда на крадци на дијаманти “Пинк пантер“, кој минатата недела спектакуларно побегна од затвор во Швајцарија.
>>Член на бандата „Пинк пантер“ избега од затвор во Швајцарија
Накитот на престижната фирма на израелскиот милијардер Лев Левиев украден е околу пладне од изложба во хотелот „Carlton international“.
Полицијата не можеше да ги потврди медиумските извештаи дека крадецот бил сам и однел куфер полн со накит.
>>Во Кан украден накит вреден 40 милиони евра!
Одредени експерти сметаат дека мали се шансите украдениот накит да биде пронајден, бидејќи крадците можат да го разделат и лесно да го продадат.