Published: Thursday, November 9, 2017 21:46
Шпанскиот државен обвинител побара денеска од Врховниот суд притвор за претседателката на каталонскиот парламент Кармен Форкадељ и тројца пратеници до завршување на истрагата за нивната улога во нелегалното прогласување независност на Каталонија.
Според весникот Паис, Форкадељ и петмина пратеници дале искази денеска во суд во рамки на истрага поради обвинување за бунт, поттикнување бунт и проневера.
Весникот наведува дека обвинителот предложил ослободување за двајца каталонски пратеници, но не е познато дали е тоа поврзано со извесни услови.




