НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекарската комора го осуди нападот врз лекарот, Клиниката бара заштита

0
By Нова ТВ on November 10, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателката на Лекарската комора на Македонија Калина Гривчева Старделова и директорот на Клиниката за токсикологија Нико Беќаровски, денеска го осудија нападот со нож врз лекар од Клиниката за токсикологија, кој се случи синоќа на влезот од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

– Сметаме дека никакво насилство не треба да се толерира особено не врз доктори. Затоа и бевме со идеја и имаме соработка со Министерството за здравство и останатите комори да го спречиме насилството. Длабоко верувам во системот на оваа држава. Да оставиме институциите на системот да си го проследат понатаму се ова околу овој немилиот настан, изјави Гривчева Старделова.

Беќаровски изрази жалење за настанот и посочи дека заедно со Гривчева Старделова во утринските часови го посетиле повредениот лекар на Клиниката за дигестивна хирургија, кој е во добра здравствена состојба и е надвор од животна опасност. Изрази надеж дека повредениот деновиве ќе биде пуштен на домашно лекување.

Беќаровски, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека не само на Клиниката за токсикологија, туку и целата докторска фела, е континуирано изложена на вербални напади.

– Во рамки на Клиничкиот центар има клиничко обезбедување. Интензивно се размислува да има обезбедување на Клиниката, меѓутоа за жал финансиската состојба што ја наследивме во моментов не дозволува таква работа, додаде Беќароски.

Лекарот Н. З (48) од Клиниката на токсикологија синоќа околу 19.50 часот бил нападнат од зад грб со нож, при што му се нанесени две убодни рани. Неофицијално, напаѓачот е сопруг на медицинска сестра со која лекарот имал љубовна врска. МВР го истражува случајот.

Беќаровски Гривчева Старделова Клиника за токсикологија лекар Лекарска комора напад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.