Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска на вонредниот конгрес во Охрид не избра нов лидер.
Дел од присутните делегати остро реагирале и упатиле критики поради тоа што за лидерската функција беше предложен само еден кандидат, претседателот на гранковиот синдикат СУТКОЗ, Дарко Димовски.
Конгресот, кој се одржуваше зад затворени врати е прекинат и сега Верификационата комисија на Синдикатот во рок од 30 дена треба да ги утврди можните кандидати кои ќе бидат предложени за лидерската позиција.
За претседателската функција се кандидираа и Пецо Грујовски, кој е претседател на УПОЗ, како и на претседателот на Македонскиот полициски синдикат Ацо Антовски, но претседателството на ССМ ги отфрли нивните кандидатури со образложение дека не ги исполниле условите.