Со цел да направи промена, и да се обиде да внесе сигурност во својот живот, новинарот Ендрју Финберг кој работел слободно новинарство (freelance) кое го држело во неизвесност за својата плата, по победата на Трамп на изборите, аплицирал да работи во медиумот „РИА Глобал“, познат како биро на руската информативна агенција „Спутник“, базиран во Вашингтон.
Во објава за „Политико“, тој пишува дека однапред бил свесен дека „Спутник“ е во сопственост на Русија и дека има тенденција да пишува занемарувајќи ги фактите но бил изненаден од првото прашање при неговото интервју.
„Што ќе направите ако побараме од вас да напишете нешто што не е вистина?“, било прашањето.
„Ќе дадам отказ“, бил неговиот одоговор.
Тој објаснил дека нема проблем да работи за медиум во сопственост на држава, но барал да му се почитува новинарскиот интегритет и да се почитува неговото пишување.
Финберг бил ангажиран како прв дописник од Белата куќа. Како што вели тој, уште од самиот старт му било чудно дека луѓето во врвот на „Спутник“ не биле довоолно соодветни за своите позиции.
За својата работа одговарал пред тројца уредници, Петер Мартинчев (кој го интервјуирал и го ангажирал), Анастасија Шевелева и Златко Ковач. Мартинчев и Шевелева се од Русија, и за нив Финберг вели дека немале доволно новинарско искуство, односно како се движат работите.
Ковач пак, е натурализиран Американец од Македонија, кој Финберг вели, никогаш ниту бил новинар.
„Додека моите колеги (во кои имаше еден или двајца Американци) ги копираа моите вести, Русите и Ковач, кои беа одлучувачи, имале своја агенда која не секогаш ја почитува вистината. Ова стана јасно кога почна да ме контактира тогашниот портпарол Шон Спајсер. Прв пат на камера поставив прашање во март 2017 околу тоа зошто Трамп не ја искористи можноста која му е да дена од Конгресот, да испрати оружје во Украина која се справува со руската агресија. Не знаев, но тогаш го прекршив најголемото непишано правило во Спутник“, вели новинарот Финберг.
Тогаш сфатил дека слоганот на „Спутник“, „Го кажуваме некажаното“ всушност во практика значел секогаш да се прикажува руската верзија без разлика дали е соодветна со реалноста.
Тој потеницра како „Спутник“ никогаш не напишал ништо за Крим, кој Русија го окупираше во 2014 година, и како дека кога сакал да пишува за време на референдумот во Крим, дека на улиците имаше руски војници и тешко вооружување, сетоа тоа било отстрането од неговите извештаи.
Финберг добивал наредби од Мартинчев, да не поставува изненадувачки прашања во Белата куќа, и секој ден прашањата кои што ги планирал, да ги испраќа прво на одобрување преку електронска пошта. Па така, истите му се враќале назад тотално променети или укинати.
„Почнав да сфаќам дека мисијата на „Спутник“ не беше да известува туку да турка наратив во полза на Русија и нејзините сојузници или да наштети на репутацијата на САД“, пишува Финбург меѓу другото во написот објавен на „Политико“.
Раскажувајќи уште неколку случаи во својот новинарски текст, каде на Финберг му се давале конкретни прашања кои требало да ги поставува на брифинзи или на прес-конференции во Белата куќа, тој во својот заклучок во текстот вели, сега е сигурен дека „Спутник“ кој е во сопственост на држава, не работи како медиум туку како средство за руска пропаганда во САД.
„Од мојот прв ден во „Спутник“ верував дека и една информативна агенција во сопственост на Русија може да функционира правилно ако се држам до моите етички принципи…но кога „некажаното“ е некажано затоа што не е точно и кога се турка агенда со рушење на репутациите на други земји, ниту една етика не може да ти помогне. Мислев дека „Спутник“ ме бара поради мојата спсообност како новинар, но се што сакаа е преку мене да ја истераат својата агенда“, вели новинарот.




