Словенците денеска гласаат на вториот круг од претседателските избори.
Граѓаните можат да бираат меѓу актуелниот претседател Борут Пахор и градоначалникот на Камник, Марјан Шарец.
За победа во првиот круг од изборите, одржан пред три недели, на Пахор му недостигаа околу 20.000 гласови, додека Шарец освои 25 отсто од гласовите.
Според официјалните податоци, право на глас имаат 1,7 милиони граѓани.
Првиот круг од претседателските избори се одржа на 22 октомври.
Ова се петти претседателски избори во Словенија по распадот на Југославија во 1991 година.