Published: Monday, November 13, 2017 00:26
Во земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала, кој вечерва го погоди реонот на градот Халабџа во Ирачки Курдистан, во близина на границата помеѓу Ирак и Иран, има најмалку 61 жртва. Земјотресот предизвикал штета во најмалку осум ирански населени места, а во некои региони дошло и до прекин на електричната енергија.
Епицентарот бил југозападно од Халабџа, на 103 километри југоисточно од ирачкиот град Сулејманија.
Според европскиот медитерански сеиозмолошки центар, земјотресот бил 7,3 степени, на длабочина од 10 километри и 32 километри северно од иранскиот град Сарпол и Захаб, а ирачката метеоролошка служба пак информираше дека јачината била 7,5 степени.




