Два патнички воза се судрија во понеделникот вечерта во западниот дел на Швајцарија, при што беа повредени десетици, изјави портпарол на швајцарските железници.
Еден инженер на локомотива исчезнал по несреќата, јавува Си Ен Ен.
Најмалку 40 лица се повредени, од нив петмина посериозно.
Судирот се случи во селото Гранж – пре – Марнард, околу 8 километри јужно од Пајерн, околу 18:50 часот по локално време.
„Во моментов, ние немаме информации како дошло до судирот“, изјави портпарлот на Швајцарските сојузни железници, Рето Шерли.
Возовите патувале во правец помеѓу Пајерн и Лозана, град на брегот на Женевското Езеро.