Биди многу внимателна со машките колеги кои преспиваат во нивните канцеларии, тие се неволја. Избегнувај да бидеш сама со некој конгресмен или сенатор во лифт, ноќни состаноци каде се служи алкохол. Размисли двапати пред да кажеш за сексуалното вознемирување од твојот шеф, може да си ја уништиш кариерата – ова се некои од непишаните правила кои ги следат жените кои работат во Конгресот.
Постои и „список на манијаци“, неформален список кој се пренесува усно и ги содржи мажите кои работат во Конгресот и се озлогласени за нивното непристојно однесување, кое се состои од коментари кои се сексуално сугестивни или гестови кои целат кон физички односи со помладите вработени и практиканти.
CNN зборуваше со повеќе од 50 правници, сегашни и поранешни вработени во Конресот. Повеќето зборуваа анонимно, за да ги избегнат можните последици. Со малку исклучоци, секој од соговорниците има лично претрпено сексуално вознемирување или знае некој кој претрпел.
Сенатот минатата недела усвои резолуција со која, обуките за сексуално вознемирување ќе бидат задолжителни за сенаторите и останатите вработени и практиканти.




