Published: Wednesday, November 15, 2017 19:23
Поплавите кои ги предизвика дождот во централна Грција убија најмалку 14 луѓе. Индустриските градови Мандра, Неа Перамос и Мегара, западно од Атина, се најмногу погодени.
Повеќето од загинатите биле постари луѓе, чии тела се најдени пред нивните домови, јавуваат репортерите.
Најмалку 13 се однесени во болница, а некои се уште се исчезнати. Премиерот на Грција Алексис Ципрас изрази сочувство.
Обемни дождови паѓаат во делови на Грција речиси цела недела.





