Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека ќе деблокира нова транша од помошта за Грција во износ од 1,72 ,милијарди евра.
Тоа е петтата транша за Атина, и со неа сумата одделена од ММФ за Грција изнесува 8,24 милијарди евра. Средствата се дел од спасувачкиот план за Грција, одобрен пред една година.
Грција треба да продолжи со институционалните и структурните реформи во државниот сектор, изјави извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард.
Лагард им препорача на властите во Грција да вложат поголеми напори, за да може земјата да го постигне саканиот траен економски раст.