Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фондот за иновации со нови повици за средства за стартапи

0
By Нова ТВ on November 18, 2017 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 18, 2017 09:58

Новото поле на делување  на Фондот за иновации и технолошки развој  (ФИТР) за примена на иновации во јавниот сектор продолжува со два повика во областа на образованието, за поттикнување креативни идеи кај основци и средношколци, и за изработка на иновативни наставни помагала. Следната година Фондот планира 15 милиони до 20 милиони евра за пласман во националната економија.

– Целта  не е да имаме комерцијално успешен продукт или услуга, туку реално развивање на култура на креативно размислување кај младите. Во изминатите три месеци во нашите анализи на состојбите утврдивме дека има голем потенцијал за финансирање проекти, но за жал од друга страна имаме реално мал интерес на користење на средствата. Со поддршка на оваа реформа во иднина ќе го зголемиме пазарот за пласман на финансиски продукти на Фондот, односно на среден рок да добиеме што повеќе квалитетни апликации во економијата со домашни човечки ресурси, вели директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски во интервју за МИА.

Тој информира дека најавува дека во соработка со Светска банка ги финализираат активностите за објавување повици за инструментите акцелератори и технолошка екстензија за кои  досега немаше објави.

Се прават напори, како што вели, да се откочи реализацијата на четврт повик за финансиска поддршка на старт ап и иновативни идеи до фаза на комерцијализација, со кој се распределуваат 85 милиини денари. Тој повик е стартуван на почетокот на годината, а новото раководство го затекнало во фаза на истечени рокови.

–  На Владата и предложивме конкретно решение, таа го одобри и во фаза сме на поставување нов комитет за одобрување на инвестициите кое ќе ни помогне да ги рестартираме роковите за евалуација. Се надеваме дека до крај на годината ќе го завршиме повикот со евалуација, ќе имаме можност да потпишеме договор со успешните апликанти и веднаш на почетокот на следната година да одиме со објавување нови повици за нови средства, најавува Деспотовски.

Фондот за иновации и технолошки развој ќе и предложи на Владата проект со кој институциите ќе одвојуваат одреден процент од вкупните средства за јавни набавки  за поддршка на иновативни продукти и услуги.  – Целта е да се намалат трошоците на јавните набавки затоа што ако државата инвестира во развивање на одреден продукт нормално треба да биде по субвенционирана цена. Продуктот ќе се развива во домашната економија која е поевтина и поконкурентна од странските добавувачи и ќе добиеме подобар квалитет во голем број случаи. Од една страна ќе имаме реална заштеда во буџетот, а од друга страна поттикнување на домашната економија. Ова е проект што го иницираме сега и за кој очекуваме поддршка од Владата, вели Деспотовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.