Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повлечен амбасадорот на Саудиска Арабија од Берлин

0
By Нова ТВ on November 18, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 18, 2017 13:10

Дипломатски скандал помеѓу Германија и Саудиска Арабија: по критичките забелешки од германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, Кралството го повлече својот амбасадор од Берлин. Како што соопшти државната саудиска новинска агенција СПА, Саудиска Арабија ги повикала своите дипломати на консултации во Ријад, а истовремено на германскиот амбасадор во Кралството му е врачена протестна нота, пренесува и анализира сервисот на „Дојче Веле“.

За германскиот министер за надворешни работи, политиката на Саудиска Арабија во однос на либанскиот премиер е „авантуристичка“. Ријад реагира со повлекување на својот амбасадор од Берлин. Харири в среда се враќа во Либан.

Berlin, Sigmar Gabriel (picture-alliance/dpa/M.Kappeler)Зигмар Габриел повторно повика на намалување на тензиите на Блискиот Исток

Габриел, по потегот на Ријад, повторно изрази загриженост за стабилноста во регионот на Блискиот Исток, истакнувајќи дека критиките се нормална работа и биле упатени до сите актери во регионот.

Претходно Габриел, имајќи ги првенствено во вид шпекулациите околу судбината на либанскиот премиер Саад Харири, во четвртокот изјави дека: „од Европа треба да произлезе заеднички сигнал дека ние не сме подготвени немо да го посматраме авнатуризмот кој се шири таму во последните месеци“. Тој ја даде изјавата при посетата на либанскиот колега по функција, Џибран Басил во Берлин. По хуманитарната криза во Јемен и конфликтот со заливската држава Катар, со „начинот на однесување кон Либан“ е достигната кулминација, смета Габриел.Харири пред две недели, со својата целосно неочекувана најава за оставка, дадена за време на посетата на Ријад, предизвика  политичка криза во Либан.  А фактот што по најавата не го напушти регионот на Персискиот Залив, создаде шпекулации дека Саудиска Арабија го принудила на оставката и го задржува присилно, со цел да предизвика тензии во Либан со влијателната шиитска милиција Хезболах.  Патрон на Хезболах е Иран, ривал на Саудиска Арабија во ширењето влијание во регионот.

Харири во меѓувреме го напушти Ријад и пристигна во француската престолнина Париз, а преку Твитер претходно упати директна порака до шефот на германската дипломатија: „Да се каже дека сум задржуван во Саудиска Арабија и не ми е дозволено напуштање на земјата, е лага. Господине Габриел, јас сум на пат кон аеродромот“.

Како што соопшти денеска либанскиот претседател Мишел Аун, премиерот Харири за в среда најавил враќање во Либан.

Анализата е преземена од Дојче Веле. 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.