Композиторот Џон Вилијамс се враќа во „Стар Ворс: Епизода VII“ Оскаровецот, кој компнираше за сите шест филма од Sci-Fi сагата, вели дека е „среќен што продолжува да биде дел од забавата“ на оваа франшиза.
Претседателот на „Лукасфилм“, Кетлин Кенеди ја потврди веста. Во интервју за StarWars.com, Вилијамс посочи дека ќе употреби музика од претходните филмови.
„Сеуште не сум го видел сценариото, така што приказната е непозната за мене, но не можам да замислам дека би немало референци од претходните приказни“, изјави Вилијамс.
Композиторот освои пет Оскари за време на својата 60-годишна кариера за своите достигнувања во филмовите.
Тој исто така беше номиниран за повеќе од 40 други награди од Академијата за неговите дела, вклучувајќи ги оние од Супермен, Индијана Џонс и неодамна Линколн.
Во своето најново интервју, Вилијамс го пофали режисерот, велејќи дека е „совршено што е избран да ја продолжи големата одисеја на Џорџ Лукас“
„Стар Ворс: Епизода VII“ е предвиден за во 2015 година.