Во некои делови на Кина се измерени рекордни температури за месец јули, па за прв пат во историјата е проглесена состојба на опасност, јавува BBC.
Во Шангај најмалку десет лица умреле како последица на топлиот бран и високите температури.
Овој месец е најтопол во последните 140 години во Кина, дури 25 дена со ред температурата беше над 35 степени Целзиусови. Измерена е рекордна температура дури 40,6 степени.