Published: Thursday, November 23, 2017 09:17
Властите во Њујорк воведоа најстроги безбедносни мерки поради денешното празнување на Денот на благодарноста, бидејќи во минатогодишниот број на англиското списание на екстремистичката група Исламска држава, одбележувањето на празникот се наведува како „одлична мета“ за напад.
Безбедносните служби најмногу ќе бидат сконцентрирани на парадата, што традиционално се одржува секоја година.
Покрај големиот број на припадници на полицијата кои ќе ја контролираат состојбата, распоредени се и десетици камиони натоварени со песок со цел да ги заштитат лицата кои ќе бидат на улиците на Њујорк.
Од вчера во САД владее сообраќаен хаос откако милиони Американци тргнаа кон своите домови за со најблиските да го прослават празникот, во продолжениот викенд.





