Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

БиХ: Со стара опрема и со неплатена работа не се стасува во ЕУ

0
By Нова ТВ on November 23, 2017 ВЕСТИ
Суад Бегановиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 23, 2017 16:47

Автор: Суад Бегановиќ, Балкан прес

Босна и Херцеговина има три јавни сервиси според примерот на уставната поделба. Два се ентитетски а еден државен, основан нешто подоцна. Државниот сервис (БХРТ) требаше да ги обедини потребите за известување на државно ниво, да влезе во секое домаќинство и да биде лидер на проектот. Иако никој од раководството од државниот врв на БиХ тоа експлицитно не го наведе, БХРТ требаше со време да стане главниот медиум.

Но тоа не се случи. Постојат многу проблеми поврзани со стагнацијата и назадувањето на јавниот државен сервис. Недостигот на политичка волја се наметнува како прв. Ентитетите всушност се државни тела што имаат најмногу пари. Двата ентитети вложуваа во ентитетските сервиси. Во согласност со моменеталната политичка опција на власт и па така се однесуваа и ентитетските сервиси. Потребата за државен сервис не се наметнуваше како неопходна.

Согласно на тоа, не беа усвоени законски регулативи за што Дамир Смитал, претседател на синдикатот, ќе го изјави следното:

“БХРТ влезе во вака тешка ситуација пред се поради лошо уредената законска област на јавно емитување. РТВ данокот (освен во Брчко) го собираат ентитетските емитери кои на БХРТ и даваат онолку колку што мислат дека треба а не онолку колку одредува законот. Од гласањето на законот РТРС не платил ниту една марка и должи 6 милиони марки, додека ФТВ должи 2 милиони марки од средствата собрани преку инкасанти. Сите уплати преку телекомот веднаш се распределуваат и никој нема допир со тоа. Освен тоа, ФТВ должи и 10 милиони за изнајмениот простор, продукциските капацитети и преносот и емитувањето на сигналот.”

Препукувањето околу Јавниот сервис продолжува а состојбата не се менува. Сите изјави од пред неколку години можат сосема валидно да ја опишат и состојбата денес. Сепак, истовремено со законските проблеми, врвот на државата (Советот на министрите) најавуваше проекти за дигитализација во неколку фази. Со проектот на дигитализација значително би се подобрила работата на сите три јавни емитувачи во БиХ и со тоа би се доближиле до европските стандарди.

Така се дојде до парадоксална ситуција. Финансирањето се уште не е решени а започна проектот на дигитализација и законските акти за таа цел се донесени. Новото раководство (кое се менува под влијание на политичките промени) изјави:

“Не се сомневаме дека комплетниот процес на дигитализација на јавните РТВ сервиси во БиХ ќе биде успешно реализиран.”

Не требаше долго да се чека и се појавија и поинакви изјави. Имено, проектот на дигитализација во пракса наиде на многу проблеми. Недостигот на пари и старата опрема се покажаа како голема пречка.

И тука повторно се огласи Смитал:

“Малиот дел на дигиталната опрема е купен и ни требаат пари за да го подобриме квалитетот, а државата мора да го заврши својот дел од работата кога станува збор за процесот на дигитализација , процес што се одолговлекува поради политички несогласувања. Тоа не е работа на БХРТ и ние од тие причини не можеме на граѓаните да им испорачаме дигитален сигнал.”

Така дигиталниот сигнал стана пуста желба и лажна порака до ЕУ која на нашиот европски пат го допре и овој проблем. Еден податок може да илустрира колку БиХ е далеку од процесот на дигитализација. Јавниот државен сервис има само едно возило за емитување во живо од терен а тоа возило е набавено за потребите на Зимските олимписки игри во БиХ во далечната 1984 година.

Другиот проблем се работните места. Имено, минувањето на дигитален сигнал подразбира и нови работни места за обучени кадри. Истовремено, тоа значи и отказ за дел од вработенит. Еден дел од вработените би требало да одат на обука. Но, наместо информација за дигитализацијата, од БХРТ ни стаса следното соопштение на синдикатот:

“Ние сме огорчени поради тоа што ни доцна платите, но свесни се за ситуацијата во која се наоѓаме, непостоењето слух кај домашните власти за нашиот проблем и вложените напори на генералниот директор платите да се исплатат. Свесни сме исто така за неуплатените придонеси и долгови, но не можеме да го негираме фактот дека придонесите не се уплатени поради недостиг на пари.”

Сето тоа се случуваше минатата година како и година пред тоа. Поради пат позицијата во која се наоѓа Јавниот сервис, се потпишуваат хонорарни договори и таму работат студенти, минимално платени. Тоа му штети на квалитетот. Некои вработени со години работат без договор. Тоа донесе и недостаток на кадри.

Дигитализацијата повеќе не се ни спомнува. Најчестата вест од Јавниот сервис е нов штрајк на синдикатот. И другата информација што дојде од БХРТ не е беше ништо подобра. БХРТ влезе во скандалот на неемитување на интервјуто со Себија Изетбеговиќ, сопруга на Бекир Изетбеговиќ.

“Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”. 

 

Балкан прес Босна и Херцеговина БХРТ ЕУ Јавен сервис Суад Бегановиќ ФТВ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.