Published: Friday, November 24, 2017 22:04
Триесет терористи биле ликвидирани во операцијата, која египетската армија ја започна вечерва на Синајскиот Полуостров по нападот во џамија, при што загинаа 235 лица, пренесе ТАСС, повикувајќи се на телевизијата „Скај њуз – Арабија”.
Екстремистите биле убиени во селото Ер Риса, Централен Синај, соопштија извори од силите за безбедност.
Египетските тајни служби се обидуваат да ја утврдат локацијата на тренинг кампови, каде биле обучени извршителите на денешниот напад.




