НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Mинистер за здравство до крајот на ноември

0
By Соња Трајковска on November 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека се уште не е одлучено кој ќе биде министер за здравство, но очекува решението да биде донесено до крајот на месецов.

Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за поддршка на млади земјоделци во МЗШВ, Заев истакна дека денеска повторно имал средба со коалициските партнери, а вчера разговарал и со Зијадин Села  и Али Ахмети.

– Се работи за многу сериозен ресор. Реков дека до крајот на месецот ќе гледаме да ги донесеме одлуките. Десет дена откако се официјално прогласени изборите за завршени, интензивно преговараме. Секој момент го користам, час поскоро или ден поскоро да го избереме и ова министерско место  и да го пополнме испразнетото  министерско место за странски инвестиции, како и заменик министерот кој стана градоначалник на Чаир.

Пред неколку дена од Алијансата за Албанците за НОВА изјавија  дека ова министерско место по редот на нештата им припаѓа на нив, а нивниот кандидат доколку биде назначен само би продолжил таму каде што застана Таравари.

Неофицијално, Зијадин Села неделава имал разговор со премиерот Заев и го понудил нивниот кандидат, Вулнет Ферати.

Од ДУИ пак, рекоа дека во моментот немаат сериозни претензии кон ова министерство, како и дека се уште не е разгледано ова прашање во партијата.

„Се уште не знаеме ништо, но и немаме некои посебни претензии кон ова министерство. Ќе видиме што ќе одлучат органите на партијата“, изјави за НОВА Артан Груби, шеф на кабинетот на Ахмети.

Не се знае дали е ова нов момент во партијата или работите се разбрануваа по сериозните препукувања на двајца  кандидати како претенденти за министерско место.

Изминатите денови се калкулираше со повеќе имиња, меѓу кои и еминентни лекари како предлог од СДСМ. Нема информации до каде е овој процес кој веројатно повторно се развлече  поради  ангажманите и патувањата на премиерот Заев.

Пред  една недела самиот премиер изјави дека избираат човек на кој народот ќе му верува, а не партија. Според она што до сега се дознава од партиски извори, но и се шпекулира во јавноста  очигледно,  ќе се избира партија. На кого ќе падне изборот останува да се почека уште неколку дена. Дотогаш, министерското столче и натаму останува празно.

 

 

Заев Министер за здравство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.