Published: Tuesday, November 28, 2017 20:09
Северна Кореја лансираше балистичка ракета, соопштуваат тамошно медимуми, цитирајќи воени службеници.
Веста според Ројтерс ја потврдија и американските власти.
Севернокорејската информативна агенција објави дека ракетата била истрелана источно од Пјонгсонг во Јужната провинција Пјонгјан.
Не е јасно колку далеку одлетала и дали ја прелетала Јапонија како другите ракети порано годинава.
Северна Корја тестираше неколку други ракети годинава, вклучувајќи ја и првата интерконтинентална балистичка ракета.




