Опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска преку соопштение објави дека нема да учествува на конститутивната седница на ЗЕЛС која треба да се одржи денеска, поради како што велат, „недемократско однесување на власта и селективниот пристап при примената на правдата во Република Македонија“.
-Власта врши масовни притисоци, заплашувања, прераспоредувања и отпуштања од општините и локалните јавни претпријатија на вработени кои не се членови на СДСМ. Кривично се гонат голем број на градоначалници поради нивната политичка припадност, ова е невиден преседан во Република Македонија во последните 27 години, се вели во соопштението.
Заради тоа ВМРО-ДПМНЕ изразува револт и нема учествува на конститутивната седница на ЗЕЛС.