Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Владата и министерствата ангажирани 46 лица за односи со јавност

0
By Нова ТВ on November 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 29, 2017 15:21

Во Владата и министерствата ангажирани се 46 лица со примарна функција односи со јавност, а 57 лица работат на придружни функции како координација, логистика, анализа, истражување, сниматели.

Тринаесет лица, како што информираат од Владата, имаат статус на државни службеници и тие се вработени по старата систематизација и не работат ништо поврзано со односи со јавност, ниту придружни функции. За нив, како што информираа денеска Марјан Забрчанец, посебен советник за односи со јавност и владиниот портпарол Миле Бошњаковски, во тек е оценување со цел да се проценат нивните вештини и капацитети врз основа на кои ќе биде донесена одлука за нивно ангажирање.

Бројот на нововработени лица за односи со јавност во Владата и во министерствата е 39 лица за кои, како што велат од Владата, нема ниту еден кој не поседува соодветни вештини, односно сите се компетентни за работата што ја извршуваат.

– Овие лица се ангажирани врз основа на нивното образование, искуство и вештини за кои е констатирно дека се во сообразност со критериумите за екипирање на професионален комуникациски сервис, за да се доближат институциите до јавноста, низ сите модерни канали за комуникација, велат од Владата.

Оттаму посочуваат дека системот за комуникации на Владата сега чини многу помалку за разлика од претходно, бидејќи Владата се откажала од трошење пари за ангажирање на надворешни ПР агенции, консултанти и реклами. Така, годинава вкупните трошоци за односи со јавност чинат 0,5 милиони евра за разлика од 2016 година кога биле потрошени 1,1, милиони евра, во 2015 година 5,5, милиони евра, а во 2014 година 7,5 милиони евра.

Од Владата нагласуваат дека се соочиле со непостоечки систем за односи со јавност поради што една од намерите во следниот период ќе биде да се создаваат документи, процедури, протоколи и правилници за водење на демократски комуникациски сервис.

Влада односи со јавност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

ВЕСТИ May 14, 2026

Седум луѓе загинаа, а 44 се повредени во комбинираниот руски напад со ракети и дронови…

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.