Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЗО: Еден од десет лекови во земјите во развој е фалсификат

1
By Менче Атанасова Точи on November 30, 2017 АНАЛИЗА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 30, 2017 16:38

Светската здравствена организација ги повикува владите на земјите во развој да преземат акција против супстандардните и фалсификувани лекови

Еден  од  10 лекови што циркулираат во земјите во развој или е супстандарден или е фалсификуван, покажало последното истражување на Светската здравствена организација со седиштево Женева.

Ова значи дека луѓето земаат лекови кои не успеваат да ја третираат или спречат болеста. Ова не само што е губење на пари на граѓаните и здравствени системи кои ги купуваат овие лекови, туку супстандардните  и фалсификуваните лекови можат да предизвикаат сериозна болест или дури и смрт, порачуваат од СЗО.

Супстандардните и фалсификувани лекови особено влијаат врз најранливите заедници, вели д-р Тедрос Адханом Гебријес, генерален директор на СЗО.

“Замислете ја мајката која се откажува од храна или други основни потреби да плати за лекувањето на своето дете, не знаејќи дека лековите се под пропишаните стандардни или се фалсификувани, а потоа тој медицински третман предизвикува смрт кај нејзиното дете.. Ова е неприфатливо. Земјите се согласија за мерки на глобално ниво – време е да ги приведеме во опипливи активности “, вели Адханом Гебријес.

Од 2013 година, СЗО има добиено 1500 извештаи за случаи на супстандардни или фалсификувани лекови. Од нив, најчесто биле пријавувани антималарици и антибиотици. Најголем дел од извештаите (42%) доаѓаат од Африканскиот регион на СЗО, 21% од регионот на СЗО на Америка и 21% од европскиот регион на СЗО.

Ова е веројатно само мал дел од вкупниот број и многу  случаи и најверојатно останале  непријавени. На пример, само 8% од извештаите за супстандардни или фалсификувани производи до СЗО потекнуваат од Регионот на СЗО во Западен Пацифик, 6% од Регионот на СЗО во Источниот Медитеран, а само 2% од СЗО регионот Југоисточна Азија.

“Многу од овие производи, како што се антибиотиците, се од витално значење за опстанокот и благосостојбата на луѓето”, вели д-р Маријангела Симао, помошник-генерален директор за пристап до лекови, вакцини и лекови во СЗО.

“Супстандардните или фалсификувани лекови не само што имаат трагично влијание врз пациенти и нивните семејства, туку исто така претставуваат закана за антимикробната резистенција и тоа е загрижувачкиот тренд бидејќи лековите ја губат моќта за лекување”, потенцира Симао.

Пред 2013 година, на глобално ниво не постоеја вакви информации. Откако  СЗО го воспостави Глобалниот систем за надзор и следење на супстандардни и фалсификувани производи, многу земји сега се активни во известувањето за сомнителни лекови, вакцини и медицински помагала. СЗО има обучено 550 регулатори од 141 земја за да работат на откривање и да одговорат на овие многу важни прашања. Како се обучуваат повеќе луѓе, повеќе случаи се пријавуваат во СЗО.

СЗО има добиено извештаи за фалсификувани медицински производи  почнувајќи од лекови за рак до таблети за контрацепција.

Според најновиот извештај на СЗО од Глобалниот систем за надзор и следење,  се проценува дека  стапката на неуспех во лекувањето е  10,5%  на сите медицински препарати што се користат во земјите со низок и среден развој.

„Оваа студија беше заснована на повеќе од 100 објавени научни трудови за испитување на квалитетот на лекувањето направено  во 88 земји со низок и среден развој при што беа испитувани 48 000 примероци на лекови. Недостатокот  на точни податоци значи дека овие проценки се само индикација за големината на проблемот. Потребни се повеќе истражувања за попрецизно да се процени заканата која ја носат супстандардните или фалсификуваните лекови“се вели во извештајот на СЗО.

Секоја година од 72.000 до 169.000 деца умираат од пневмонија поради супстандардни и фалсификувани антибиотици, покажало истражувањето на Универзитетот во Единбург.

Лондонската школа за хигиена и тропска медицина проценува дека  116 000 (64 000 – 158 000)  смртни случаи од маларија може да бидат предизвикани секоја година од супстандардни и фалсификувани антималарици во субсахарска Африка. Заради ова потребни се дополнителни 38,5 милиони долари кои треба да бидат наменети за пациенти и здравствени работници за понатамошна нега поради неуспех во лекувањето.

Супстандардни лекови стигнуваат до пациентите кога механизмите и техничкиот капацитет за спроведување на стандардите за квалитет во производството, снабдувањето и дистрибуцијата се ограничени, потенцираат од СЗО.  Фалсификуваните производи, од друга страна, имаат тенденција да циркулираат, каде што постои несоодветната законска регулација и каде што постои  управување со неетичка практика од страна на  државата, дистрибутерите, трговци на големо и мало и здравствените работници. Голем дел од случаите пријавени во СЗО се појавуваат во земји со ограничен пристап до медицински производи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.