НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе се намали цената на водата во Скопје, но се воведува нова давачка

0
By Нова ТВ on December 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градот Скопје, советите на општините, и Владата до 1 јануари 2018 година треба да ги утврдат новите цени на водата врз основа на тарифите што ги определи Регулаторната комисија за енергетика за 37 претпријатија даватели на водни услуги.

Според изготвените решенија во дел се предлага намалување, а во дел зголемување на постоечките цени, додека во одредени општини, како градот Скопје, на пример, жителите ќе плаќаат и дополнителна услуга за прочистување на отпадните води.

Цената на водата во Скопје, според решението на Регулаторната комисија за енергетика, што, заедно со другите решенија, денеска на прес конференција ги образложи претседателот на РКЕ, Димитар Петров, треба да се движи помеѓу 30,54 и 34,80 денари. Просечната тарифа за градот Скопје изнесува 32,68 денари за метар кубен потрошена вода. Сегашната просечна цена изнесува 31,39 денари. На ова се додава и новата давачка што скопјани ќе ја плаќаат од наредната година за прочистување на отпадни води што според предлогот на РКЕ изнесува 2,04 денари по метар кубен.

Како што посочи Петров, ЈП „Водовод и канализација“ побарало намалување на цената за 1,82 проценти, а Регулаторната комисија со решението утврдило намалување на цената за 2,68 проценти согласно минималната тарифа.

– Цената на водата во Скопје во 2018 година ќе се намали се додека не се воведе тарифата за прочистување на водата, истакна Петров.

Петров образложи дека утврдените тарифи од страна на Регулаторната комисија за енергетика, согласно Методологијата, се просечни тарифи, што значи дека давателите на водни услуги, во утврдените рамки, сами ќе ја определат висината на тарифите по категории на корисници – домаќинства и останати.

– Регулаторната комисија за енергетика при утврдување на просечните тарифи за водни услгуги ги имаше предвид цената на водната услуга да не го надминува прагот на достапност, одреден на ниво од три проценти од просекот на вкупниот приход по домаќинства во подрачјето во кое се обезбедува водната услуга, рече Петров.

Од 37-те претпријатија даватели на водни услуги согласно решенијата намалени тарифи има во Скопје,  Илинден, Берово, Виница, Кочани, Босилово, Гевгелија, Водостопанство Струмица и Струмичко поле, Липково, Нискоградба Битола, Долнени, Кавадарци, Свети Николе, Студенчица Кичево, Нискоградба Охрид, Врапчиште, Гостивар,  и Тетово, Повисоки тарифи има во Пробиштип, Струмица, Радовиш,  Куманово, Битола, Прилеп, Ресен, Велес, Неготино Проаква Струга, Комуналец Кичево, Проаква Охрид, Брвеница и Желино.

Најголемо зголемување од 499,94 проценти побарало ЈПХС Злетово Пробиштип, но според решението на РКЕ  минималнта просечна одобрена тарифа се зголемува за 4,75 проценти во однос на постојанта тарифа. Ваквото зголемување, како што рече Петров, ова претпријатие го побарало поради висок капитал и кредити.

Регулаторна комисија за енеретика ги утврди тарифите покрај за 2018 и за 2019 и за 2020 година за 37-те претпријатија кои се дватели на водни услуги на подрачја со над 10.000 жители во сите осум плански региони во РМ.

За седум од овие претпријатија одлуката ја носи Владата, а за 30 локалната самоуправа.

Доколку советите одлучат за повисоки цени од утврдените тарифи ќе треба да поднесат дополнително барање до Регулаторната комисија за енергетика.

зголемување на цена ЈП Водовод Регулаторна комисија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.