Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поради излеана река, целосно во прекин сообраќајот кај Валандово-Удово

0
By Нова ТВ on December 2, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 2, 2017 09:28

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и по влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на Страцин и до 150 м. на планинскиот премин Плетвар.

Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, каде наместа има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“.

Од 1 часот има целосен прекин на сообраќајот на регионалниот пат Валандово-село Удово, на м.в Калковска река, поради надојдена вода. Сообраќајот се пренасочува.

Според информација од ЈП „Македонија пат“ на патниот правец  Делчево – Македонска Каменица поради обилни врнежи од дожд и чести одрони сообраќајот се одвива отежнато. На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

На патниот правец Виница – Берово кај Рибарник, поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 10м. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Локалниот пат село  Железнец – село Мало Илино во Демир Хисар не е прооден поради обилни дождови. На патниот правец Маврово – Галичник, 100 метри пред Царева Чешма сообраќајот се одвива отежнато поради излевање на вода на коловозот. На самото место е поставена соодветна сигнализација. Се препорачува овој патен правец да не се користи до негово санирање и нормализирање на сообраќајот.

Според информација од РУЦК во општина Сарај, кај клучката Матка во близина на бензинската станица Бис Оил, има поплавување на подвозникот во висина од 1 метар. Поплавувањето е настанато заради дождот и дефект на водоводна мрежа на ЈП Водовод и Канализација.

Од 15-ти ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2018 година.

АМСМ вода прекин на сообраќај река дожд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.