Во Младинскиот културен центар в среда по трет пат ќе се одржи Саем за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на Град Скопје. Оваа година НВО саемот ќе се одржи под мотото „Активно граѓанство = подобро општество“.
На третиот НВО саем е предвидено свои презентации да имаат голем број здруженија на граѓани и фондации кои се регистрирани на територија на Град Скопје, но и организации и фондации кои не се регистрирани во Скопје, но дел од своите активности ги спроведуваат за бенефит на граѓаните на Скопје.
Саемот за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на Град Скопје се организира како дел од активностите за одбележување на 5 декември, Меѓународниот ден на волонтерството.
Овој саем е во организација на здружението на граѓани „Волонтерски центар Скопје”, а финансиски е поддржан од Град Скопје.