Published: Monday, December 4, 2017 21:48
Поранешниот претседател на Јемен, Али Абдухал Салех бил убиен од Хути бунтовниците. Тој бил убиен додека го напуштал главниот град Сана каде веќе неколку денови има немири на улиците.
Министерството за внатрешни работи под контрола на Хутите објави дека поранешниот лидер на Јемен е мртов.
Во медиумите проструија фотографии и видеа од мртвото тело на претседателот.
Салех бил убиен кога врз возилото со кое се возел било пукано јужно од градот Сана. Неколку од неговите асистенти исто така загинале.




