Published: Tuesday, December 5, 2017 19:04
Европската комисија за шест месеци може да препорача почнување преговори за прием на Албанија во Европската унија ако државата продолжи со напредокот по патот на реформите.
Тоа го изјави претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер по средбата со албанскиот премиер Еди Рама во Брисел.
– Европската комисија го регистрираше напредокот што Албанија го постигна на патот на реформите. Ако во следните шест месеци прогресот се зацврсти, а јас мислам дека тоа ќе се случи, имам намера да му препорачам на Советот на ЕУ да почне преговори, изјави Јункер.




