Даниел Редклиф, Ештон Качер и Мараја Кери се помеѓу главните ѕвезди чии гласови ќе бидат позајмени за улогите на новите сезони на „Симпсонови“, „Фамилијарен тип“ и „Американскиот татко“.
Ова ќе биде втор пат за Редклиф да игра во „Симпсонови“ по епизодата за Ноќ на на вештерките во 2010 година,
За потребите на 25-та сезона на Симпсонови гласовите уште ќе ги позајмат и Елизабет Мос, Крисетен Виг и Ева Лонгорија.
Мараја Кери ќе игра во „Американскиот татко“, додека Ештон Качер во „Фамилијарниот тип“.
Другите гласови во „Фамилијарен тип“ ќе ги играат Конан О’Брајан, ѕвездата од „Два и пол мажи“ – Џон Крајер, потоа Брајан Кранстон како и фронтменот на групата „Марун Фајв“ – Адам Ливајн кој ќе се игра самиот себе.
Сите три анимирани шоуа се на Фокс.