Сопругата на легендарниот Џони Холидеј, соопшти дека рок музичарот починал на 74 години.
„Ги пишувам овие зборови и не верувам во нив. Сепак, тоа е така. Мојот сопруг го нема. Тој не напушти вечерва. Целиот негов живот го живееше машки и достоинствено“, напиша сопругата на Холидеј во социјалните мрежи.
Холидеј околу една година се бореше со рак на белите дробови. Хемотерапијата, сепак, имала негативно влијание врз неговото здравје и неговата состојба се влошила.
Џони Холидеј, роден во Париз, има над 400 турнеи во својата кариера, на кои собра повеќе од 15 милиони фанови.
Вкупно 18 од неговите албуми се платинести. Пишуваше шансони, како и музика за филмови.
Џони Холидеј беше познат и како „францускиот Елвис Присли“, а инспирација за музиката црпеше од Чак Бери и Бади Холи.