Франција не дозволува регистрација возила на “мерцедес“ А класа, Б класа и CLA, што се произведени по средината на јуни оваа година.
Причина за прекин на продажбата на возила од германскиот производител „Мерцедес“, поради скандалот со течноста за ладење Р134yf во клима уредите, која е забранета на територијата на ЕУ, бидејќи дури 1.400 пати повеќе влијае врз ефектот на глобалното затоплување отколку емисијата на штетни гасови.
Франција е прва држава која се одлучи на блокада на продажбата на еден од производителите, кој се уште ја користи спорната течност.
Само пред неколку дена германските претставници изјавија дека нема да ги поддржат предложените построги мерки кога е во прашање емисијата на издувни гасови, пред се јаглерод диоксид, за сите нови возила од 2020 година.