Утре во свечената сала на Собранието на Република Македонија, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели наградата за 2017 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.
Државната награда „Св. Климент Охридски“, за остварување во областа на воспитанието и образованието, оваа година им се доделува на професорот и писател Венко Андоновски и на професорот и историчар Наим Алими.
Добитници на наградата за остварување во областа на културата и уметноста оваа година им се доделува на музичкиот уметник Гарабет Тавитјан, на писателот Јордан Плевнеш, како и на филмологот Илинденка Петрушева.