НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За Брисел, Париз и Франкфурт со „Виз Ер“ за 1.500 денари

0
By Нова ТВ on August 5, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директни летови од Скопје до Брисел, Франкфурт и до Париз ќе воведе нискотарифната авиокомпанија „Виз Ер“ од април следната година. Авиокомпанијата, што веќе оперира кон десет европски дестинации со субвенции од македонската Влада, кон новите три ќе сообраќа двапати неделно, а билетите ќе чинат најмалку 1.500 денари.

Плановите за развој денеска на прес-конференција ги објавија извршниот потпретседател на „Виз Ер“ Џон Стивенсон со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и генералниот директор на ТАВ Македонија Зоран Крстевски.

– Од 16 април ќе имаме нова линија Скопје – Брисел, од 19 април Скопје – Франкфурт, најголем центар преку кој македонските граѓани може да се поврзат со други држави, а од 18 април директна линија Скопје-Париз, уште една дестинација за која имаше барање од македонските граѓани, рече Јанакиески.

„Виз Ер“, додаде, ќе ги зголеми фрекфенциите на летови за постоечките дестинации. До Малме ги зголемува летовите од пет на седум во неделата, кон Базел наместо трипати ќе сообраќа пет пати, кон Дортумнд и кон Ајндховен се зголемуваат летовите од два на три, кон Гетеборг од два на четири пати и кон Михнен исто така од два до три пати во неделата, јавува МИА.

Авиокомпанијата од април следната година ќе пушти во сообраќај и нов патнички авион Ербас А-320 со што го зголемува својот возен парк во воспоставената база на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Со тоа вкупната инвестиција на „Виз Ер“ во базата во Македонија ќе достигне 160 милиони долари.

– Новиот воздухоплов ќе сообраќа на 13 линии од Скопје и ќе го зголеми капацитетот на слободни места за 2014 година на повеќе од 685.000 илјади седишта, најави Стивенсон.

Новиот воздухоплов и бројката од 13 дестинации, посочи министерот за транспорт, се доказ за успехот и развојот на компанијата една година по нејзиниот старт со работа  во Македонија.

Според Јанакиески, Владата и воздухопловните власти постојано прават напори за привлекување што поголем број авиокомпании за оперирање од македонските аеродроми, зголемување на бројот на патници и овозможување нови дестинации и поевтини билети за граѓаните.

Активностите што се преземаат и субвенционирањето, нагласи Јанакиески, придонеле за зголемен број патници во првите седум месеци од годинава споредено со истиот период лани на двата аеродрома за 18,2 проценти. Од почетокот на годинава, заклучно со минатиот месец, од аеродромот „Александар Велики“ се превезени 56.084 патници, од кои 45 проценти користеле нискотарифни летови.

Пет топ дестинации за патување од македонските аеродроми се Истанбул, Виена, Цирих, Лондон, Љубљана и Малме. „Виз Ер“ учествува со 35,2 проценти во вкупниот број патници, по што следат „Туркиш ерлајнс“,„Аустријан ерлајнс“, „Адриатик ерлајнс“ и „Пегасус“. Од ТАВ Македонија посочуваат дека се прават напори за промоција на охридскиот аеродорм, зголемување на бројот на летовите кон Италија, како и повторно воспоставување на линиите кон Будимпешта и Прага.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.