НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шчо напраифме, министре?

24
By Биљана Секуловска on December 9, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ќе дојде тој ден, а тие сметководителски денови секогаш доаѓаат, кога Заев ќе седне на некое попатно столче, а такви за наша среќа ги има, тие се неугледни, на прв поглед незгодни за седење, но најдобри за функционерите кои сакаат и во иднина да го гледаат своето име на златната плочка на истата блиндирана врата.

Удобните фотелји ве прават троми, мрзливи, заоблени, тие се најдобриот начин да станете неподносливо самоуверен, се опкружувате со искривени помали фотелјички на кои само другите седат, затоа што мали човечиња секогаш мора да има, за да се има разлика помеѓу само едниот, голем.

Секојдневно сте со нивните мали ковчежиња од кои ви принесуваат по една кафена лажица информација, вие секогаш мислите дека е златна, тие секогаш  ве убедуваат дека не е ништо помалку од дијамантска, а кога ќе излезат од вратата, не ги ни проверувате колку се смеат зад вратата што не знаете колку само алуминиум тежи.

Но, да се вратиме на столчето кое сепак го одбрал Заев, за да го вклучи стариот, но не и зарѓан дигитрон  и ќе воздивне. Време е за проста математика, пенкало и хартија земени со пресметан ризик дека ништо добро не одбрал да си напише сам на себе.

Не е се во парите, но политиката не е магија, апстрактни сложувалки и ѕвездена прашина, билансот се трупа во многу сфери, сериозно здодевни,  само понекогаш возбудливи, а секогаш ваш потенцијален убиец. За сите ресори вие сте тој што одговарате а не вашите министри, затоа што кога тие паѓаат, вие сте секогаш исправени пред џелатот кој трие раце дека фино сами ќе ја наместите главата, кој да знае дека како и да ја испружите, крајот е ист.

Долгорочното авансирање во добрососедски односи е плусот кој го отчукува и штиклира со радост Заев, конечно тука се Шеќеринска и Пендаровски, подобра гаранција секако не може да има, тогаш кога знае дека е опкружен со најдобрите.

Следува нов потег во оваа партија со дигитронот- левичарските идеи на Драган Тевдовски и Бранимир Јовановиќ, двајцата со идеали за праведност и еднаквост дека можат да го променат светот, или барем само Македонија, кутрите тие не знаат колку се наивни, ќе рече некој.

Да, на таквите отсекогаш им се потсмевале и само таквите направиле од светот, оној најдобриот негов дел, некакво парче заради кое вреди да се проба да се живее.

Досега на Заев не му оди лошо во плусовите, но ако нешто тука треба да го жегне, е вечната борба на левичарите и нивните светли идеи со еден десничар Анѓушев на пример, за кој велат дека бил исклучителен научник, но кој вели дека генијалноста не може и да се наплати? Сега и тој е растргнат, бизнисите се товарот кој му го свлечкал грбот, корпорациската логика секому му го заматува умот, а од друга страна, ех, секој сака една убава, измазнета страница во историјата.

Дали му се важни тие сопствени десет, можеби се дванаесет фирми, дали му се поважни од моќта која сега ја поседува, или пак сепак, најважно е она за што се борат неговите најголеми политички конкуренти- левичарите Тевдовски и Јовановиќ?

Којзнае дали тоа го мачи, но, не е лесно тоа превртување навечер, за човек кој се сам стекнал, особено научниот капитал, а сега  е оставен на цедило од самиот себе- кој да го знае одговорот?

Прашањето кое си го поставува со месеци бара одговор: што е поважно, парите на пријателите- олигарси (пријатели или хиени, прашање е сега) или пак оние 450.000 луѓе кои се под прагот на сиромаштија во оваа земја?

Дигитронот на Заев и огледалото на Анѓушев се борба сама по себе, затоа борбата помеѓу десницата и левицата во Владата на Заев е потенцијалната шанса да го скрши дигитронот нашиов премиер, пред да премине на следната ставка- драгите членови од ДИК.

Исплаќани по неколку илјади евра бонуси по закон, но не и со зацрвенети образи од срам ако се сетат кој се одвојува од сопствената плата за нив, но тоа се и незаконски донесени одлуки за овие бонуси ако се знае дека морале според закон да бидат објавени во јавноста.

Дигитронот на Заев нема зошто да го лаже, конечно самиот тој го запали: тука се и оставките на Дарко Лешовски како претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, потоа повлечените непотистички одлуки за разно-разни комисии во кои во стапица влезе генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, па премислувањето за одлуката финансиски директор на МЕПСО да стане Зиков, цртата на Анѓушев сепак да не влегува со своите компании во тендерски авантури, ПР службата со неверојатни бројки на кадри сепак најави некакви кратења.

Последното копче од дигитронот што мора да го замисли Заев, е потегот на Алаѓозовски- да ја промовира “Правописот на македонски јазик” на Фејсбук, на неписмен, безобразно искриволкочен македонски јазик: “Утре е Денот на свети Климент охрдиски, денот на нашиот нај голем просфетител! Имго честитам на сите граѓани!”

Ироничен е Алаѓозовски за нашиот искривен новоговор со вешта и креативна ПР политичка кампања, не се сеќавам дека  сме виделе подобра. Знае и самиот Роберт Поповски дека понекогаш и може да се замисли за некои свои кадри, но ова е човекот кој навистина му треба, овој автор чие име остана непознато, на ваква реклама што се добива само еднаш во цел политички живот- со потрошени нула денари за нов “Правопис” на Фејсбук за “јазикот, нашата татковина” (Конески).

И последната минута од неделата, на протест за рудниците на нашиов премиер му се појавуваат Ивана Туфегџиќ, Бранимир Јовановиќ, Никола Наумовски, Горан Милевски. Една нова генерација на политички бунтовници, кои се и самите власт, протестираат за истите тие рудници за кои одредени членови од Владата водат борба до изнемоштеност да бидат отворени и покрај опасноста од сопственo политичко самоубиство, што е помалиот ризик, а вистинскиот е- закопување на жителите во тие краишта.

Заев барем вечерва може да го затвори дигитронот, билансот не му е совршен, но не е и лош- можеби се теши тој, а можеби е и посуров критичар кон себе отколку ние со него, а што е и  важно што мисли Заев за своето работење?

И самиот претпоставувам дека знае дека ништо од тоа не е важно на крајот на денот, неговиот дигитрон не вреди ни да го споменеме, ако не знае за оние кои го плаќаат секое негово седнување на онаа несмасна грдосија од фотелја.  Ако не знае за тоа колку тие, мислам на оние кои го плаќаат, мечтаат да седи на она столче кое отстрана изгледа бедно и потрошено, но има сила да го остави во живот, да не оживее и нас.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.