Од утре до деветти месецов во Галичник, во организација на здружението за литература, уметност и култура „Галикул“, ќе се одржи традиционалната деветнаесетта по ред „Галичка книжевна колонија“.
Оваа книжевна манифестација, која добива и меѓународен карактер, првенствено има за цел да овозможи неколкудневно творечко остварување богати програмски активности, дружење и инспиративен престој на истакнати македонски и странски писатели во незаборавниот амбиент на Галичник и Мијачијата.
На Галичката книжевна колонија ќе учествуваат истакнати македонски и странски автори од неколку генерации. Нејзини учесници овој пат се Србо Ивановски, Богомил Ѓузел, Вера Стојчевска-Антиќ, Тодор Чаловски, Петко Дабески, Душко Новаковиќ (Србија), Агим Полоска, Лилјана Дирјан, Иван Џепароски, Венко Андоновски, Наташа Аврамовска, Бојан Ангелов (Бугарија), Борче Панов, Зоран Пешиќ-Сигма (Србија), Роберт Алаѓозовски, Јовица Тасевски-Етернијан, Звонко Танески и Жарко Кујунчиски.