Oд рестораните за брза храна „Мекдоналдс“, кои беа лоцирани кај Веро 2 и Педагошкиот факултет во Скопје утрово беа отстранети ознаките, објавува Фактор.
На почетокот на јуни годинава, ознаките на „Мекдоналдс“ беа симнати и од ресторанот во Центар и Аеродром, а еден месец претходно беа затворени сите седум ресторани на светската компанија за брза храна во Македонија.
>>Врската меѓу македонските газди и бугарскиот McDonald’s
Со тоа Македонија дефинитивно останува без „Мекдоналдс“. Првиот ресторан на овој синџир за брза храна во Скопје се отвори пред 16 години, а во рестораните на „Мекдоналдс“ низ Македонија беа вработени 240 луѓе.