НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Законот за јазици на седница веројатно без разгледани амандмани

0
By Влатко Чаловски on December 14, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Предлог-законот за јазиците на пленарна седница во Собрание ќе се најде или со еден разгледан амандман од страна на Комисијата за европски прашања, доколку се постигне до вечерва на полноќ, или со ниту еден.

До крајот на денот треба да заврши амандманската расправа, потврди претседателот на Комисијата, Артан Груби кој според Деловникот има обврска да ја затвори дебатата и да го проследи законот до Собранието.

Движењето Беса пред почетокот на денешната седница соопшти дека нема да присуствува, бидејќи за нив она што се случува во Собранието бил „политички театар“.

„Нема да учествуваме во работата на Комисијата бидејќи сметаме дека ќе продолжи театарот и ние немаме намера да учествуваме во тој театар“ изјави денеска пратеникот Фадил Зендели.

Беса бара да се гласа за два нивни амандмани. Со првиот партијата бара да се смени името на законот и да се вика Закон за употреба на албанскиот јазик, а вториот е за целосна употреба на албанскиот јазик во државните институции.

Груби на прес-конференција во Собранието рече дека бил разочаран од ваквиот пристап на Беса како што бил разочаран од нив кога не гласале ниту кога се бираше Талат Џафери, ниту кога се разрешуваше Марко Зврлевски.

Продолжението на седницата денеска помина во реплика на пратеникот Реџаил Ислаили од ДУИ, кој зборуваше над еден час, образложувајќи го и читајќи го текстот на законот член по член.

Потоа Груби ја прекина седницата и продолжението го закажа за 17:00 часот.

Прашан зошто не ја лимитира расправата, односно говорите на пратениците, Груби рече дека во тој случај би го прекршил Деловникот на Собранието.

„Јас сум обврзан деловнички да ја затворам дебата вечерва по овој предлог закон и да го проследам на понатамошно читање без разгледување или со разгледување или без усвојување или со усвојување на кој било амандман ќе видиме до вечерва на полноќ“, изјави пратеникот на ДУИ.

Тој потенцираше дела целта на ДУИ е овој закон да биде усвоен што е можно поскоро на пленарна седница непроменет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.