По низата актерки и соработнички кои се отворија за малтретирањето и непријатните ситуции во кои се нашле со некогаш највлијателниот филмски продуцент, Харви Вајнстин и популарната актерка Селма Хаек во колумната за „Њујорк Тајмс“ проговори за сопственото непријатно искуство.
Актерката опишала дека продуцентот се појавувал пред нејзината врата „во која било доба на ноќта, во хотелот или во местото на снимањето“. Селма рекла дека ги одбивала предлозите за масажа, туширање и сексуални односи на Вајнстин.
Дури и за време на снимањето на филмот „Фрида“, Вајнстин имал непристојни барања, особено за експлицитните сцени.
За да го заврши снимањето на филмот, на инсистирање на Вајнстин, Хаек се согласила на експлицитна сцена да биде гола снимена однапред, но во текот на снимањето на таа сцена доживеала нервен слом.
„Сешто бараше од мене, но на секое негово барање категорично реков „не“, сакаше да се тушира со мене или барем да ме гледа додека се туширам, ми нудеше масажа па ми предлагаше неговиот пријател да ме масира, и тоа сосема гол, дури ме праша дали смее орално да ме задоволи… Откако сето од наведеното одбив, ми се закани дека ќе ме убие… Ме навредуваше пред сите на сетот. Тој е вистинско чудовиште“ пишува Селма Хаек.
Таа тврди дека пиела и таблети за смирување за време на снимање на лезбиска сцена, бидејќи била гола пред Вајнстин.
Таа тврди и дека Вајнстин не ја силувал само затоа што знаел дека режисерот Квентин Тарантино и актерот Џорџ Клуни, со кои го сними филмот „Од самрак до зори“, и се многу блиски пријатели.