Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За добри филмски проекти, Министерството за култура ќе пренамени пари

0
By Нова ТВ on December 15, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 15, 2017 13:09

Откако Министерството за култура го објави својот буџет за 2018 година, во кои Агенцијата за филм доби помалку наменски средства за разлика од минатата година, на социјалните мрежи се разви дебата, а денеска пред Министерството за култура имаше и протест на филмските работници.

Сепак од Министерството потенцираат дека намалени се средствата бидејќи за време на претходната влада, Агенцијата за филм служела и за политички цели.

„Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека има целосно разбирање за барањата за достоинствен третман на филмската дејност изразени на денешниот протест на филмските работници, кој доаѓа по години, во кои отсуствуваше слух за нивните барања, а за ваквите протести имаше стигматизирање и реперкусии по учесниците. Нашите цели се заеднички. Цел и заложба на Министерството за култура и на Владата на Република Македонија е Агенцијата за филм да има добар буџет, кој ќе успее да реализира квалитетни филмски проекти што се од интерес на граѓаните и Република Македонија“, се вели во реакцијата од Култура.

Оттаму нагласуваат дека доколку добијат квалитетни проекти, средства ќе се најдат или преку пренамена или преку ребаланс на буџетот.

„Наша намера не е да се одделат средства и тие да лежат непродуктивно на сметки на институциите, туку да се трошат според бараната динамика на проекти кои се во интерес на граѓаните. Доколку филмските работници предложат и донесат такви проекти, ние со задоволство ќе ги поддржиме и подготвени сме во таа смисла и да го зголемиме буџетот“, се вели во реакцијата од Министерството.

Министерството бара од филмските работници да предлагаат реални буџети и рамки во кои ќе се движат продукциските и други трошоци во согласност со актуелниот стандард на граѓаните во земјата.

 

буџет министерство за култура филмски проекции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.